ВИДЕО: Си замислиле дека се нинџи - банда со црни мотори и со мачети ограбила златара

Сцена налик оние од акционите филмови забележале минувачи во Лондон, кои биле сведоци на нападот врз една златара. Банда облечена во црно, со црни кациги и на црни мотори, вооружена со чекани, мачети и други оружја упаднала во една од златарите среде бел ден.

Овој пат, храбрите минувачи во прв план успеале еден од бандитите да го соборат на земја и да го бркаат по улица.

Начинот на кој минувач совладал разбојник е неверојатен - го удрил со ремен од панталони и покрај тоа што сите биле вооружени со мачети и чекани.

Најмалку 8 напаѓачи упаднале во златарата, а ова не им е прва ваква организирана кражба

На снимките јасно се гледа како и минувачите се борат со бандитите без страв. Погледнете:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега