ВИДЕО: Што сѐ се објавува во „Јавна соба“?

Експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, податоци за место на живеење, адреси, броеви, наводни тарифници за цени за сексуални услуги, се објавуваат во групата „Јавна соба“ на Телеграм која по една година повторно е активна.

Членовите на групата ја бараат девојката која ги пријавила, па објавуваа и фотографии од девојки за кои се сомневаат дека го сториле тоа.

Бројот на членови од вчера се зголеми од 5.600 на повеќе од 6.200, а во групата има и малолетни деца.

Како што објави Сител, 22-годишна девојка била предупредена од пријател дека нејзина фотографија од Фејсбук се нашла во групата, а објавени биле уште две експлицитни од девојка која многу наликува на неа.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега