ВИДЕО: Шетале по плажа и наишле на чудни суштества - се изненадиле кога сфатиле колку вредат

Мартин Грин со семејството се шетал на плажа во Велс, кога забележал необични морски суштества.

Прво забележал големо стебло, а тоа било покриено со чудни суштества.

Снимките Грин ги споделил на својот Фејсбук профил и потоа дознал дека станува збор за ракови-витичари, од родот на морските школки. Овие животни во Португалија и Шпанија се сметаат за врвна храна, па така цената се движи и до 125 долари за 500 грама.

„Ги најде мојата сопруга, а изгледаа како да доаѓаат од некоја друга планета“, рекол Грин.

Сфативме дека станува збор за еден од најскапите морски видови кој може да се купи. Пребарував на Гугл и видов дека се продаваат по 25 фунти по парче, а имаше повеќе од 2.000“, додал тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега