ВИДЕО: Семејство заглавено на таван, а водата удира во прозорците - ураганот Доријан уништува се пред себе

На Бахами се случува една од најстрашните и најсилните бури во историјата на островот.

После поминувањето на ураганот Доријан, со налети на ветер до 320 километри на час, куќите останаа без кровови, а целата населба е под вода.

Колку се зголемило нивото на водата, покажува и снимката на едно семејство кое се крие на таванот.

Може да се види како калливи бранови удираат во прозорците. Тамошниот министер за земјоделство Мајкл Пинтард од својата куќа објавил снимка на која се гледа како водата ја опколила куќата.

Мебелот плива во вода, а брановите кои достигнуваат 6 метри само удираат во прозорците наговестувајќи уште една непогода.

Инаку, ураганот Доријан ослабел и сега е бурата е од втора категорија и продолжува да беснее на Бахамите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега