ВИДЕО: Семејство од Белград терало 19-годишна девојка на проституција - ја посвоиле, па од неа заработувале милиони

44-годишната Јасмина Николиќ, нејзиниот сопруг 50-годишниот Горан, 24-годишната ќерка Кристина и 19-годишниот син Мирољуб, како и нивниот воза 46-годишниот Демири Бајрам, сите од Белград, се уапсени поради сомнение дека се занимавале со трговија со луѓе и присилувале 19-годишна девојка да се проституира со тројца мажи дневно.

Како што пишува Курир.рс, уапсеното семејство несреќната тинејџерка ја приморувало на проституција цели 7 месеци, а сите пари од нејзините клиенти ги земале и ги делеле меѓусебно.

Јасмина била мозок на операцијата, објавил Курир.рс повикувајќи се на свој добро известен извор.  Ја убедила девојката дека е нивна роднина искористувајќи ја нејзината лоша материјална состојба и животна прилика. Кога девојката се преселила кај нив дома, таа смислила пеколен план, нејзините фотографии ги објавила на интернет и нудела секс за пари. Просториите во кои девојката била сексуално малтретирана биле адекватно опремени за таа прилика.

Јасмина разговарала со клиентите со кои договарала секс, а тинеџерката имала дури и по три клиенти дневно.

На злоупотребуваното девојче му се заканувале, па од страв не смеело да ги пријави своите макроа.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега