ВИДЕО: Секс скандал ја тресе Унгарија - градоначалник снимен во оргии со проституки на јахта

Унгарскиот политичар Жсолт Боркаи се нашол во центарот на скандал кога биле објавени негови фотографии на кои е во друштво на неколку проституки, а испливале и снимки од секс меѓу него и една жена.

Имено, на еден блог почнале да се објавуваат текстови за градоначалникот на унгарскиот град Ѓер и поранешен претседател на Унгарскиот олимписки одбор. Унгарскиот новинар, Боркаи го обвинува за злоупотреба на моќта, корупција,користење на дрога и улуги од проституки.

После текстовите, следувале и снимки и фотографии.

На блогот „Адвокатот на ѓаволот“ откриено е дека станува збор за градоначалникот Боркаи, кој инаке е поранешен олимписки првак во гимнастика. Другиот човек е Золтан Рокосфалвиј, еден од највлијателните бизнисмени во Ѓера.

На интернет потоа се појавиле и сними и фотографии од патување со јахта по Јадранот, а се е снимено во близина на Дубровник. На нив се гледа дека градоначалникот и неговиот пријател се гледале со проститку. На една фотографија се гледа и сексот на градоначаникот со една од тие девојки, а видеото било објавено и на една од најпопуларните порно страници.

Боркаи се откажал од еден јавен настап и издал кратко соопштение:

„Лагите објавени за мене ги сметам за дел од циркусот на кампањата на опозицијата која за цел да го сврти вниманието од сопствената неспособност“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега