ВИДЕО: Се запалил Боинг со 347 патници над Лос Анџелес - низ прозор го гледале пожарот

Авион од филипинска компанија кој од Лос Анџелес требало да лета за Манила, принудно слетал недолго после полетувањето поради дефект на моторот.

Никој од 347-те патници и 18 членови на екипажот не бил повреден.

До инцидент дошло кога пилото на Боингот 777 објавил вонредна состојба и можен дефект на моторот, соопштил портпаролот на аеродромот во Лос Анџелес, додека еден од сведоците опишал дека од моторот се гледал пламен.

Авионот после пријавата на дефектот се вратил безбедно на аеродромот, каде пламенот го изгаснале пожарникарите.

Се наведува дека принудното слетување на тој авион не ги загрозило другите летови.

Засега не е јасно зошто избил дефектот.

Портпаролот на филипинската компанија соопштил дека екипажот во авионот забележал чад кој излегува од моторот, како и дека патниците биле префрлени во друг лет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега