ВИДЕО: Се заглави познатиот Тауер бриџ

 

Познатиот Тауер бриџ во Лондон денеска се заглави во подигната положба, што е вторпат оваа година, и тоа од технички причини.

Поради тоа, возилата не можеа да ја преминат реката Темза.

Мостот, кој им овозможува на бродовите да минуваат под него така што се поддигаат неговите краци, се заглави нешто пред 14.45 часот, изјави портпаролката на лондонската полиција.

Од 1976 година мотори на нафта и електрична енергија управуваат со краците на мостот заменувајќи ја оригиналната парна машина од 19 век.

„Поради технички проблем, Тауер бриџ моментно е заглавен во подигната положба“, изјави портпаролката на корпорацијата „Сити Лондон“, сопственик на мостот.

„Работиме на решавање на проблемот што е можно побргу“, додаде таа.

Во август 2020 година тој беше затворен повеќе од 24 часа кога краците му беа заглавени во подигната положба.

09.08.2021 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега