ВИДЕО: Се сечат дрвја во близина на „Силбо“ за непречено да минат камиони и цистерни на инвеститорот

Група на револтирани станари испратија видео до нашата редакција искажувајќи го незадоволството за сечење на дрвја, а како причина за сечењето на истите ја наведуваат непречено минување камионите и цистерните на инвеститорот.

Видеото е снимено на улица „Мајаковски“, станарите во реакцијата велат дека во непосредна близина се гради зграда на улицата. Тие се сомневаат дека причината за сечење на дрвото е непречено да поминуваат камионите и цистерните на инвеститорот.

„Ова е едно, од вкупно три дрвја вдолж целата улица Мајаковски, во непосредна близина на пекарницата Силбо“, се вели во реакцијата на станарите испратена до нашата редакција. 

Видеото е снимено во 19.30 часот, вечерва.

21.09.2022 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега