ВИДЕО: Се појавија снимки од страшната несреќа кај Јагодина во која загинаа Македонци - Алекса раскажа низ што поминал

Наврши година од страшната трагедија во која загинаа седум лица, пет српски државјани и двајца Македонци, во Јагодина.

На денешен ден пред, во верижен судир кај селото Мијатовац заинаа пет српски државјани и двајца Македонци, а 35 лица беа повредени. Во судирот изгореле неколку возила. Причина за оваа тешка сообраќајна несреќа била густата магла која на 9. октомври се спуштила кај Мијатовац.

Алекса Илиќ со пријателката тој ден поминувал низ Крушевац кон Јагодина. Тие двајца успеале да се извлечат живи од згужваното „пежо“, дури некои од медиумите објавиле дека Алекса загинал. Тешката повреда на вратот некако ја излекувал, а неговата мајка денес печела славски колач како благодарност на Бога дека нејзиниот син е жив.

-Бев со пријателката во автомобилот. Коловозот беше лизгав и имаше густа магла, па само возевме побавно, Потоа само полека влеговме во некаков густ дим, каде не се гледаше ниту лента, ниту ништо. Не се гледаше ништо ниту на метар оддалеченост, тогаш од позади не удри камион, а ние само удривме во приколката зад нас. Пријателката ми рече: „Излегуваме Аки, излегуваме„. Излеговме кон банкината, а потоа настана пекол, почна да пука зад нас и да се слушаат крици - раскажал Алекса за Курир.рс

-Се сеќавам на секој момент, секој детаљ, на нашето тргнување на пат, на сончевото утро, темнината, пукањето, околу нас летаа смачкани возила. Не знаевме каде се наоѓаме. А, потоа како да започна хорор филм. Иако времето поминува, останува тоа грдо сеќавање, а што се однесува до здравствената состојба подобар сум, мора да се продолжи и фала му на Бога кој не чуваше и ни даде нов живот. Денеска додека носев колач во црква беше сончево утро како и минатогодишното - се сеќава Алекса кој вели дека се пребродел со помош на пријателите и најблиските.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега