Пред неколку дена, застрашувачка лавина се урна од еден од врвовите на Алпите, директно на шините, додека возот минуваше покрај нив.

Се појави и видео од овој инцидент, оставајќи ги патниците во неверица.

Да потсетиме дека 5 лица, вклучувајќи го и машиновозачот, беа повредени кога лавина удри воз во Швајцарија.

Во возот имаше околу 80 патници. Во спасувачката операција беа вклучени и хеликоптери.

Нема официјални информации за степенот на повреди.

Несреќата се случи околу 7 часот наутро во регионот Вале. Возот тргна од Шпиц во 6:12 часот наутро.

Возот излета од шините поради лавина што ја погоди областа Штокграбен – изјави портпаролката на железницата.

Поради инцидентот, железничкиот сообраќај на линијата Фрутиген-Бриг, помеѓу Гопенштејн и Бриг, е прекинат. Возовите нема да сообраќаат на оваа делница неколку дена.

Во изминатите 7 дена, на Алпите наврнаа големи количини снег, на некои локации и до 2,5 метри свеж снег.

Во текот на викендот ќе има ненадејно топење на снегот и неверојатен скок на температурите, што може да доведе до лавини, но и поплави и порои во низините и котлините.

Exit mobile version