ВИДЕО: Сама себеси се прогласи за претседателка - опозициската сенаторка дојде на чело на Боливија

Боливиската сенаторка Жанин Анес с се прогласила себеси во Сенатот за преодна претседателка на Боливија, поради недостиго на кворум за време на гласањето за нејзиниот избор, затоа што пратениците од левицата од партијата на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотирале гласањето, пренесува Ројтерс.

Моралес претходно ја напушти земјата и вчера замина во Мексико, кој му додели азил.

Моралес како и потпретседателот на Боливија, поднеле оставка пред два дена соочени од притисокот и протестите поради обвиненија за измама на изборите на 20. октомври, на кои Моралес однесе убедлива победа.

Моралес по слетувањето во Мексико рекол дека нема да се откаже од политичката борба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега