ВИДЕО: Руски шпион му дава кеса пари на српски агент

Снимката која наводно прикажува како припадник на Руската разузнавачка служба (ГРУ) му дава мито на српски агент е објавена на Јутјуб. Овогодишниот добитник на Европската награда за истражувачко новинарство Христо Грозев ја анализираше снимката и како што истакна на неа се гледа рускиот разузнавач во Србија.

На снимката е видлива средбата на двајца мажи на паркинг. Потоа доаѓаат до автомобил, а наводниот руски шпион му дава кеса со пари на српскиот агент кој ја става во возилото.

Новинарот Грозев тврди дека станува збор за Русинот Гоерги Клебан. Неговиот идентитет го утврдил користејќи ја програмата за споредување лица Microsoft Azure.

Нагласува дека адресата која Клебан ја пријавил е адресата на Воената академија што не упатува дека дека Клебан е разузнавач. Но неговата сопруга е пријавена на адресата на специјалната руска воена единица Спецназ која се доведува во врска со разузнавачката служба ГРУ.

„Руски шпиони ја корумпираат Србија“. Вака пишува под видеозаписот објавен на Јутјуб, а на кој се појавува Георги Викторович Клебан кој всушност работел во руската амбасада во Белград, пишува на еден од објавените Твитови за аферата.

На видео снимката пишува дека средбата се одвивала во Земун.

Од Министерството за надворешни равоти на Србија беше соопштено веднаш по аферата дека Клебан бил на позицијата за одбрана во амбасадата на Русија во Белград, но и дека заминал од работната позиција во јуни 2019 година.

Тој повеќе не е на листата на активни дипломатски претсавници на странски држави во Србија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега