Најгусто населените квартови во Одеса денеска се соочуваат со хуманитарна катастрофа по новиот силен руски напад врз енергетската мрежа. Како што информираше Серхиј Лисак, началник на воената администрација, градот е привремено отсечен од основните комунални услуги – струја, вода и греење.

Ударот предизвика сериозни штети на енергетските објекти, а силниот ударен бран искрши прозорци и ги девастираше фасадите на околните петкатни станбени згради.

„Експертите веќе се на терен и работат на реконструкцијата. Нашата цел е што побрзо да ги вратиме основните услуги во домовите“, изјави Лисак.

Exit mobile version