ВИДЕО: Рибар пронашол необичен камен на плажа - сега ќе биде побогат за 2,6 милиони долари

Тајландски рибар, 60-годишниот Нарис Саванасанг на плажа, во Након Си Тамарата, на југот од земјата, видел нешто необично налик на камен, а поради тоа откритие може да стане милионер.

Савасанг кој инаку заработува 500 долари месецчно, може сега да добие околу 2,6 милиони поради пронаоѓањето на амбергрис - пораќаница од кит.

Ги повикал роднините да му помогне да го однесе „каменот“ дома за да го испита. И навистина, му се причинило дека станува збор за амбри која може да се користи во производство на парфеми, како „Шанел број 5“, за мирисот подолго да трае.

Ја тестирале неговата површина така то ја запалиле со запалка. Многу брзо почнал да се топи и да испушта необичен мирис, со што се потврдило дека тоа не е камен туку вреден пронајдок, инаку околу 100 килограми.

Како што вели Савасанг, веќе контактирал неколку заинтересирани купувачи кои нудат големи суми пари и до 2,6 милиони долари. Дури и да добие дел од таа цифра, би бил многу задоволен.

Савасанг сега чека експерти да потврдат дека навистина пронашол повраќаница од кит на крајбрежјето.

Инаку, амбергрисот настанува во внатрешноста на организмот на китот. Китот потоа повраќа слуз која се стврднува и има непријатен мирис додека плута на површината на океанот - понекогаш и неколку години. Нешто подоцна, се губи непријатниот мирис и се користи како многу скапа состојка за производство на скапоцени парфеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега