ВИДЕО: Ракети ја погодија Амбасадата на САД во Багдад

Рано изутрината четири ракети го погодија седиштето на воената коалиција предводена од Соединетите Американски Држави во Багдад, но нема жртви, изјави портпаролот на коалицијата.

Ирачката војска соопшти дека три ракети „качуша“ ја погодиле т.н. Зелена зона, каде што се наоѓа американската амбасада и ирачката влада. Во соопштениото се вели дека четвртата ракета погодила логистичка база на ирачките сили.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Вашингтон ги обвини паравоените групи кои се поддржани од Иран за сѐ почестите ракетирања и гранатирања на бази во кои се стационирани американските сили во Ирак.

16.02.2020 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега