ВИДЕО: Рафали во американска црква - второ масовно пукање денеска, 4 лица повредени

Денеска во околу 10 часот по локално време, дошло до пукање во цркват во Пелхам во Њу Хемпшир.

На терен излегле полициски службеници и Брза помош. Според првичните информации повредени биле 4 лица, а засега не е познато каква е нивната состојба.

Напаѓачот е уапсен, јавуваат американските медиуми.

Мотивот за пукањето, како и идентитетот на напаѓачот, засега не се познати.

Ова е второ масовно пукање во САД денеска. Рано утринава во Бруклин во пукање во ноќен клу убиени биле 4 лица. Полицијата уште не уапсила никој поврзан со пукањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега