ВИДЕО: Путин во Белград донесе црна актовка - откриено што има во него

Телохранителот на рускиот претседател, Владимир Путин кој вчера беше во посета на Белград, го привлече вниманието со актовката која не ја испушта од раце. 

Чегет се нарекува актовката, која телохранителот ја носи. Во торбата се наоѓаат контролите за нуклеарното вооружување на Русија. Оваа торба  името го добила по еден планински врв на Кавказ, што значи црн. Таа се користи од осумдесеттите години на минатиот век. Се работи за систем контроли со посебна аудио-видео комуникација за системот „Кавказ“, а чија задача е да одржува врска меѓу претседателот и штабот во случај да има потреба од употреба на нуклеарно оружје. Косово и последните и последните провокативни одлуки на Владата во Приштина беа во центарот на дискусијата меѓу Путин и српскиот претседател, Александар Вучиќ во Белград. Путин рече дека Москва ја споделува загриженоста на српското раководство во врска со Косово бидејќи чекорите на Приштина во последно време може да предизвикаат дестабилизација на Балканот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега