ВИДЕО: Путин откри дека бил истепан во младоста - му го скршиле носот и го наместиле на лице место

Претседателот на Русија, Владимир Путин раскажал дека носот му бил скршен додека во младоста тренирал бокс.

Шефот на државата разговарал со боксерите на маргините на Меѓународниот спортски форум „Русија-спортска држава“. Спортистите му подариле боксерска ракавица и го повикале на тренинг со нив.

Подарокот го потсетил рускиот претседател на времето кога тој почнал да тренира бокс, од кој мноу брзо се откажал поради скршениот нос.

„Приот спорт со кој се занимавав е бокс. Ми го скршија носот и се се прекина. На лекар не отидов, ми го наместија“, рекол путин.

Тој додал дека скршеницата многу долго зараснувала, така што одлучил да се посвети на друг вид спорт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега