ВИДЕО: Путин исполни ветување дадено пред 20 години

Рускиот претседател Владимир Путин го исполни ветувањето што го дал пред 20 години и испи чаша вотка која ја одбил и оставил недопрена за време на неговата посета на Дагестан во август 1999 година.

Путин се состана со учесниците во народното востание кои учествувале во борбите во Дагестан во август и септември 1999 година. Откако го одржа поздравниот говор, присетувајќи се на тогашните настани, рускиот претседател го заврши својот говор со кревање на чашата со вотка, која ја испи до дното.

„Сакам да ве поздравам со сето срце, благодарам за поканата. Ме поканивте во живо, а јас дојдов со задоволство“, рече претседателот.

„Се сеќавам на тие настани и апсолутно искрено велам: тоа што се случи тука беше исклучително важно за мене. Беше принципиелно прашање, затоа што видов за што се залагаат луѓето, сфатив дека се подготвени за најголеми жртви за својата татковина“, истакна Путин.

На годинашната конференција „Директна линија со Владимир Путин“, рускиот претседател беше потсетен на овие случувања. Тој тогаш вети дека ќе ја испие чашата што ја оставил недопрена во август 1999 година.

Тоа беше период во кој терористите под команда на Шамил Басаев и Хатаб прогласија ослободување на муслиманите. Според руската Федерална служба за безбедност, во тие настани биле убиени повеќе од 280, а ранети над 800 војници, полицајци и цивили. Повеќе од 70 лица се осудени за напад врз Дагестан. Седум лица се ликвидирани, меѓу кои и Басаев и Хатаб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега