(Видео) Пукање за време на средношколски натпревар во САД, повредени четири лица

Четири лица се повредени при пукање што се случило на излезна рампа на стадион во Алабама, каде се играл средношколски фудбалски натпревар.

„Две од четирите повредени лица се малолетници. Едно е во критична состојба“, изјави шефот на локалната полициска станица, Поул Прин.

„Пукотниците не се случиле внатре во стадионот, туку на рампата за излез. Неколку лица можеби се вмешани во инцидентот, но со оружје веројатно пукало само едно лице“, рече Прин.

Како што додаде, во моментот на инцидентот имало конфликт меѓу двајца мажи, но мотивот за пукањето засега е непознат.

Полицијата била информирана дека најмалку две лица се качиле во бело возило по пукањето и избегале од местото на настанот. Потрагата по нив е во тек.

Макфакс

16.10.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега