(Видео) Пукање во училиште во Русија: девојче влегло со пиштол и пукало, па се самоубило

  

Утрово имало пукање во училиште во Брјанската област, Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тасс.

„Ученичка од осмо одделение, девојче, донела огнено оружје во училиште од кое пукала неколку пати“, рекол изворот.

„Според првичните информации, еден од учениците внесол огнено оружје во зградата на Гимназијата и испукал неколку истрели, при што се повредени пет лица. После тоа девојчето се самоубило. Од здобиените рани починало едно лице“, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.

Се претпоставува дека ученичката го зела оружјето на нејзиниот татко.

Лекарите потврдија дека две жртви се во средно тешка состојба.

„Едно дете е примено, има повреди на рамото и коленото, состојбата е со средна сериозност. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесено во детска болница“, соопштија од градската болница во Брјанск.

Од Регионалната детска болница известија дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо. „Има 14 години, има прострелна рана. Состојбата е средно тешка, хоспитализиран е“, рекол изворот.

На местото на настанот работат полицијата и итната помош. Се истражуваат околностите на инцидентот. Градската управа извести дека две лица загинале, а четворица се повредени, но објавата подоцна била избришана.

07.12.2023 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа