ВИДЕО: Пукање во банка во САД - 4 мртви

Четворица загинаа , заедно со напаѓачот во пукотниците во центарот на американскиот град Синсинати.

Шефот на полицијата , Елиот Ајзак изјави дека напаѓачот почнал да пука пред банката во центарот на градот , а потоа кога влегол во предворјето на банката , почнала престрелката со полицијата. Во пукотниците загинаа тројца случајни минувачи , двајца мажи и жена. Уште две лица се повредени.

Градоначалникот Џон Кренли изрази длабока загриженост од ваквиот настан и од речиси секојдневните пукотници во кои има жртви низ државата .  

 

 

 

06.09.2018 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега