ВИДЕО: Пукал кон мајка и дете во Мајами, бидејќи не држеле дистанца - им велел дека мора да си заминат

Еден маж е уапсен откако пукал на мајка и син во хотел во Мајами Бич, Флорида, изнервиран бидејќи не ги почитувале мерките за физичка дистанца.

– Вие не се придржувате кон мерката за физичко дистанцирање – вели Даглас Маркс (47) од Мајами во писмената изјава, до која локалните медиуми имале пристап.

Тој потоа им рекол на Вероника Пен и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Мексико, дека мора да го напуштат хотелот, по што извадил огнено оружје и испукал неколку истрели во холот на хотелот.

Никој не е повреден во пукањето, што се случи во вторникот вечерта, пренесува Дејли Меил.

Маркс признал дека пукал, но на детективите им изјавил дека тоа го сторил бидејќи го следеле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега