ВИДЕО: Прва снимка од Асанж после повеќе месеци во затвор - основачот на Викиликс ослабен и збунет

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж се појавил денеска пред судот во Лоднон во склоп на постапката за неговото изрекување во САД каде е обвинет за шпиунажа, каде не успеал да издејствува одложување на процесот за неговиот правен тим да има повеќе време да се подготви за случајот.

Асанж кренал тупаница во воздух кон симпатизерите кои ја исполниле галеријата на судницата за да го видат својот херој.

Изгледал како да ослабел, но здраво, иако говорел благо и делувал изморено и збунето.

Асанж и неговиот тим не уапсеале да ја убедат судијката Ванеса Барајтсер дека тримесечното одложување во инаку бавниот процес е оправдано.

Бидејќи судијката одбила да го одложи пшроцесот, Асанж со нервозен глас рекол дека не ги разбира процедурите.

Властите на САД го товарат Асанж за ковање завера со поранешната аналитичарка на американската воена известувачка слуѓба Челси Менинг за упад во компјутерот со доверливи податоци во Пентагон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега