ВИДЕО: „Протест сега, за да не биде предоцна“

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува протест со автомобили за заштита на националните црвени линии по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНес.

Протесто беше најавен како надпартиски и сенароден.

Колоната тргна од пред СЦ Борис Трајковски и се упати кон Владата.

Во повикот за протестот од опозициската партија  апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анацинална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија“.

-Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Побараа учесниците на протестот во колоната автомобили, да ги почитуваат максимално препораките и протоколите за заштита од КОВИД-19 вирусот, да држат дистанца и да користат заштитни маски и опрема со цел да го заштитат сопственото здравје и здравјето на своите најблиски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа