ВИДЕО: Прослава во црква како во кафеана - ечат песни од Цеца, додека свештеникот снима

Снимка од прохискискиот дом на црквата Свети Василиј Острошки во Шабац, на која се гледа како собраните пејат народни песни заедно со пејачката и музиката, додека свештеникот се снима со телефон, предизвика бура реакции.

Имено, верниците сметаат дека ваков тип на музика не треба да се свират во парохиски дом, додека од друга страна старешината на црквата, свештеникот Иван Јанчиќ објаснува дека ништо лошо не се случило и дека снимката намерно е поставена на интернет, за да предизвика „урнебес“.

-Злобниот човек го изнесува од своето срце злото. Тоа се нивни лични мислења, од нивна страна е лошо тоа што го направиле. Нема да се откажеме, па кој што и да прави. Зошто никој не ја сними и не ја објави литургијата која траеше 3 часа, туку само таа снимка. Некој е внесен од другата црквена ориентација да ровари во овој проект - рекол свештеникот.

Инаку станува збор за проектот „Да го поддржиме животот“ кој со благослов од патријархот, се реализира при црквата Раѓање на мајката Божја во Земун веќе половина година, а цел е да се собираат повеќе лица во цркви и манастири, млади момчиња и девојчиња се запознаваат и дружат, со цел да стапат во брак.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега