ВИДЕО: Принцот Филип има конкуренција во гафови - принцот Вилијам хит на интернет

Принцот Вилијам присуствувал на свеченото отворање на јапонскиот дом на културата во Лондон, а за таа прилика учествувал во разни работилници.

Токму на отворањето му се случил незапаметен гаф кој брзо станал вирален на социјалните мрежи.

Во Лондон во четвртокот беше отворен јапонскиот дом на културата, чии изложби, настани и гастрономски уживања ја претставуваат културата на Далечниот исток во британската метропола. Во склоп на својот кралски аранжман, на свеченото отворање присуствувал и принцот Вилијам.

Една од задачите на учениците од интернационалното училиште била да ги покажат своите вештини со јапонските стапчиња за јадење, а на предизвикот им се придружил и добро расположениот принц. Со цел да ја разбие тремата на масата, тој пробал да ги забавува децата поставувајќи им неколку прашања, но потоа му се испуштил гаф поради кој станал предмет на потсмев.

„Сакате ли кинеска кујна? Ммм, мислам јапонска храна, јадете ли често јапонска храна?“, брзо се поправил 36-годишниот принц, а децата не биле претерано заинтересирани за разговор.

„Не? Не баш… Сакате ли суши? Сушито е вкусно“, продолжил принцот Вилијам.

 

 

 

14.09.2018 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега