ВИДЕО: Приказна која сите ги трогна - куче 18 месеци не се поместува од местото каде му загинал сопственикот

Минувачите веќе добро го познаваат кучето во Грција кое повеќе од една година стои на патот во близина на Нафпактос, и тоа точно таму каде што во сообраќајна несреќа починал неговиот сопственик.

Сопственикот Харис имал 40 години, а трагично загинал откако го удрила мешалка за бетон. Иако куќата во која живеел со кучето е оддалечена околу 12 километри од местото на несреќата, кучето точно знаело каде се случило тоа и не сака да се помрдне од тоа место.

 

Неколку локални жители се обиделе да го вдомат, но тој постојано се враќал. Потоа се откажале од вдомување, но на верното куче му направиле куќичка и редовно му носат храна и вода. Не се мрда од тоа место дури ни во најголемите жештини, туку само се крие во блиските шуми.

 

Го нарекуваат „Грчкиот Хачико“, според кучето кое живеело во 90-те години во Јапонија и со години стоело пред железничката станица во Токио, откако сопственикот му починал од мозочек удар на работа. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа