ВИДЕО: Премиерот на Индија ги воодушеви сите со својот гест - сам чистеше на местото каде го угости кинескиот претседател

Индискиот премиер, Нарендра Моди на својот „Твитер“ профил објави видео на кое се гледа како собира ѓубре на плажа пред одморалиште во Махабалипурм, каде е домаќин на кинескиот претседател Си Џипинг.

На снимките се гледа како собира отпад на плажаи ги става во голема пластична кеса, пренесува „Ројтерс“.

– Ајде да се погрижиме нашите јавни места да бидат чисти и уредни! Ајде да се погрижиме да бидеме здрави и во форма – напиша на неговиот „Твитер“ профил индискиот премиер Моди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега