ВИДЕО: Прекинат фудбалски натпревар во Тирана поради земјотресот - навивачите панично бегале

Како што соопшти Заводот за сеизмологија на Албанија, денеска во 16:04 часот беше регистиран земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала, со епицентар во Албанија, во морето меѓу градовите Синѓин и Драч.

Албанија потоа ја стресе и послаб земјотрес од 5,3 степени, кој не се почувствува кај нас.

Земјотрес за момент прекинал и натпревар од петтото коло од Првата лига, помеѓу Партизан и Билис.

После три минути игра, натпреварот бил запрен откако големата трибина силно почнала да се тресе, по што судијата го прекинал мечот, а исплашените навивачи брзале да излезат надвор од стадионот.

Погледнете:

Според последните информаци лекарска помош поради повреди побарале 37 лица.

Најголема штета е регистрирана на објекти во Драч, како и на возила врз кои паднал дел од градежен материјал од објектите. Во Драч земјотресот поделил на два дела повеќекатница, а една куќа е урната во близина и на автопатот Тирана-Драч.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега