ВИДЕО: Познат американски Ди-Џеј почина од коронавирус, сопругата со важна порака

Пред пред три недели, Конрад Бјукенан беше здрав, жив диџеј од Флорида кој сакаше да танцува со својата ќерка. Но, на 14 март, 39-годишникот се разболе сериозно.

Неговата сопруга Никол се обидела да добие дозвола од докторот да го тестира за коронавирус, но ја одбил.

„Тие не сакаа да го тестираат. Се обидов, пробав и молев. Не сакаа да го тестираат заради неговата возраст и затоа што тој немаше други здравствени проблеми“.

На 22 март, состојбата на Конрад се влошила толку многу што Никол го однела во болница. Лекарите веднаш го интубирале. Никол отиде да го паркира својот автомобил и никогаш повеќе не го виде сопругот.

"Се вратив во болницата, но тие веќе ја заклучија вратата. После тоа, тие не пуштаа никого. Не можев да му кажам ниту дека го сакам", рече тажно Никол.

„Мора да разберете колку е сериозно ова. Многу луѓе мислат дека умираат само стари или болни, но тоа не е точно“, предупреди вдовицата.

„Ужасно е што мораше да почине мојот сопруг. Нашиот живот се претвори во ужасен кошмар“, додаде таа.

И Никол е позитивна на  коронавирусот. Таа досега нема сериозни симптоми, но го изгубила целосно вкусот и мирисот. Нивната ќерка Скај сè уште ги чека резултатите од тестот.

Никол Бјукенан ги замоли сите да останат дома и да преземат мерки на претпазливост, за никој друг да не мора да поминува низ тоа што претрпе нејзиното семејство.

„Сметајте го ова за сериозно. Не сакам никој друг, нечие семејство, ниту деца, да го поминат она што го поминувавме. Нашиот здравствен систем не е подготвен за ова. Останете дома“, рече таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега