Видео: Пожари беснеат низ Австралија- поради нив се менува и времето

Австралиските власти јавуваат дека низ сојузната држава Нов Јужен Велс горат „невиден“ број пожари, пренесува Би-би-си.

Низ наведена сојузна држава беснеат повеќе од 90 пожари.

Многу од нив се во области зафатени со суша, а нивната разорност е засилена со налети на ветер и жештина која достигнува до 35 Целзиусови степени.

Јавено е дека во одредени области луѓе се заробени во сопствените домови, а итните служби не можат да дојдат до нив поради силината на огнот.

На многумина им се советува да побараат засолниште бидејќи сега е предоцна за бегање.

На терен се над 1.000 пожарникари и 70 канадери, а комесарот за пожарникарските служби Шејн Фицсимонс кажа дека за време на својот работен век не бидел волку пожари кои се истовремено на ниво на итни случаи.

Освен во Нов Јужен Велс издадени се и итни предупредувања поради пожари во сојузните држави Квинсленд и Западна Австралија.

Сепак, најтешко погодена е државата Нов Јужен Велс, а пожарникарите од септември во тој регион изгасиле стотици пожари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега