ВИДЕО: Пожар беснее во близина хотел Фламинго и една бензинска пумпа

Попладнево избил пожар во шумата во непосредна близина на граничниот премин Богородица.

Од снимки објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека гори борова шума во билзина на граничниот премин, а пожарот е приллично блиску и претставува закана и за хотел Фламинго и бензинската пумпа во близина.

Според информациите, екипи на противпожарната едниница од Гевгелија и јавното претпријатие „Комуналец“ се излезени на местото и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој ја зафатил шумата.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Доколку не се случи промена на правецот, првичните прогнози се дека нема да бидат загрозени казината, ГП Богородица и бензинските пумпи во близина на мекедонско-грчката граница.

03.08.2021 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа