ВИДЕО: Повеќе не сакала да одговара на прашања - претседателка на општина во Сантјаго избегала од новинарите

Една одлика на политичарите ширум светот е понекогаш да избегнуваат непријатни прашања на новинарите, но може да се каже дека претседателката на една општина во главниот град на Чиле вчера ги надминала сите. Имено, таа за време на интервју буквално избегала од новинарите.

65-годишната Евелин Матеј, претседателка на општината Провиденсја во Сантјаго избегала од новинарите откако почнале да ѝ поставуваат разни прашања.

Чиле во последниве недели е жариште на протести, а Матеј ги критикувала постапките на Владата во оваа ситуација, однсно тоа како таа се носи со кризата, пишув Си-Ен-Ен.

Во еден момент, само почнала да трча за да избега од новинарите.

„Избега. Не сака повеќе да разговара“, рекол дописник на локалниот канал Мега.

„За среќа сме во добра физичка форма“, рекол дописникот додека трчал кон неа.

Неколку секунди подоцна, претседателката само успорила, дозволувајќи им да новинарите да ѝ постават уште едно прашање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега