ВИДЕО: Потресни слики од Сараево - деца врзани за радијатори и кревети, сами пружаат раце по навика

Шокантни фотографии од злоупотреба и запоставување на деца доаѓаат од соседна Босна и Херцеговина.

Пратеничката во Парламентот на ФБиХ, Сабина Кудиќ, на денешната прес-конференција откри детали за третманот на штитениците во Заводот за згрижување на ментално инвалидни деца и младинци во Пазариќ, кај Сараево.

Фотографиите што таа ги достави до медиумите покажуваат дека децата се врзани за мебел и радијатори. На некои деца рацете им се врзани зад грб, а многу деца го поминуваат поголемиот дел од денот и цела ноќ во таква позиција, па нивната физичка и ментална состојба е нарушена, пренесува Klix.ba.

„Оваа состојба може да се нарече модерно ропство. Ноќе е ангажирана само една негувателка, која многу често е нестручно лице. Децата често самите ги подаваат рацете за да им се врзат бидејќи се навикнати да бидат врзани 14 часа. Како резултат на овие методи, многу деца имаат сериозни здравствени проблеми“, истакна Кудиќ.

„Бараме Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Министерството за здравство, да назначи медицински тим кој ќе изврши ревизија на дијагнозите и ќе воведе редовни прегледи. Барам ресорното министерство да достави детален извештај за мерките спроведени по 90 дена од донесените заклучоци”, заклучи таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега