ВИДЕО: Потресна снимка - извлечена старица врз која се срушила куќата во земјотресот во Хрватска

Глетката во Мајска Полјана, населба во Глина, Хрватска, копја беше погодена вод разорниот земјотрес вчера, е прилично потресна.

Мештаните се преплашени, а куќите срушени. Спасувачките екипи деноноќно ги пребраруваат рушевините, а во една таква акција извлечена била и старица, жива и здрава.

Инаку, претседателот на Хрватска шумска служба за спасување, Јосип Граниќ, известил дека во текот на ноќта припадници на таа служба обиколиле 84 села во погодените подрачја, и истакнал дека никаде не затекнале луѓе под рушевините или такви на кои им е потребна итна помош, пренесува Радио Бановина.

„Затекнавме луѓе надвор, никаде немаше некој под рушевини или да треба итна помош. Имавме, две лица со сркшеници на рацете, кои ги згриживме и предадовме на итната медицинска помош“, рекол Граниќ.

Потврдил дека разорниот земјотрес во вторникот со јачина од 6,2 според Рихтеровата скала го погодил подрачјето од Сисак до Хрватска Костајница, дека центарот на Петриња и старите згради во него биле срушени и оштетени, дека е оштетен добар дел од околните згради, но дека не се срушени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа