ВИДЕО: После Грција, невреме и во Италија - улиците се претворени во реки, водата носи автомобили
Италијанското крајбрежје во средата беше погодено од силно невреме, кое корнеше дрва од корен, а најмалку 18 луѓе се повредени, но нема жртви.
Трудница се здобила со повреди на лицето и главата, додека останатите се здобиле со модринки и други повреди, околу главата.
Градот кој паѓал, нанел големи штети врз автомобилите, кршејќи им ги шофершајбните и прозорите, а оштетил и кров од зграда.
Како што пишуваат тамошните медиуми, улиците се претврени во реки.
11.07.2019 - 20:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа