ВИДЕО: Поплави и понатаму ѝ се закануваат на Црна Гора - опасноста не се намалува

Хидролошката ситуација на подрачјето на Црна Гора утринава е значително подобра, но далеку од тоа дека поминала опасноста и дека се преминува на редовен режим на работите, кажал генералниот директор на Директоратот за вонредни ситуации на Црна Гора, Мирсад Мулиќ.

Тој во утринската програма на ТВЦГ рекол дека и понатаму ќе ја следи ситуацијата и во полн капацитет ќе биде подготвен да реагира ако има потреба за тоа.

Кажал дека вчера имале комуникација со колегите во Албанија, кои им рекле дека не испуштале во во Дрим, што ги охрабрило

Обилните врнежи, вели, направиле проблеми во сообраќајната комуникација поради големата количина вода на патиштата, поради одрноните, но она што е важно е дека сите витални државни и органите на локалната самоуправа функционирале во полн капацитет.

„Можеби животот беше побавен, но не запре“, рекол тој.

Мулиќ верува дека ќе успеат да се изборат со сите предизвици кои се случиле поради обилните врнежи. Кажал дека граѓаните добро соработувале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега