ВИДЕО: Полицајците растуриле свингерска забава среде карантин - учесниците мислеле дека се стрипери

Полицајци кои дошле да истражат што се случува на имотот во близина на Буенос Аирес биле изненадени затоа што учесниците на свингерската забава која таму се одржувала мислеле дека полицајците се стрипери и се дел од забавниот програм.

Според наводите на аргентинските медиуми, покрената била истрага поради собирање, кое очигледно било одржано спротивно од правилата за карантин, а полицијата за тоа ги известила лицата кои не биле повикани на забава.

Увидувајќи ја својата грешка, учесниците почнале да се однесуваат со почит кон полицајците, не се спротиставувале, па дури и се шегувале поради тоа што се случило.

-Беше истовремено и комично и апсурдно, наводно рекол локалниот подсекретар за безбедност Густаво Јара.

Полицијата го затворила објектот, а лицето кое ги алармирало полицајците тврди дека не е првпат да се одржува таму настан од тој тип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега