ВИДЕО: Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 155 куршуми - ликвидацијата извршена среде бел ден

Мексикански полицаец кој учесвувал во апсењето на синот на прпчуениот наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман беше убиен на паркиралиште.

Ликивидацијата биле регистрирана од надзорни камери, а на снимката се гледа како во средата наутро двајца мажи со полуавтоматски пушки излегуваат од црвен автомобил и стрелааткон бел „нисан“.

Заседата траеше помалку од 30 секунди, но за кратко време напаѓачите успеале да го погодат белиот автомобил со најмалку 150 куршуми, пренесува „Дејли Мејл“.

Црвениот автомобил го следел белиот до паркинг пред трговски центар во Кулијакан, главниот град на мексиканската сојузна држава Синалоа.

Полицискиот службеник, идентификуван како Едуардо Н. (32), кој загинал во нападот, припаѓал на елитната единица на државната полиција. Според извештаите на локалните медиуми, на 17. октомври полицаецот учествувал во апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на осудениот Ел Чапо Гузман, поранешен шеф на нарко-картелот од Синалоа.

Локалните власти го испитуваат инцидентот со цел да утврдат дали криминалната банда е одговорна за овој напад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега