ВИДЕО: Полета „безвучниот“ авион кој прскаше против комарци

 

Не престануваат шегите за скопскиот градоначалник Петре Шилегов и Град Скопје и прскањето на комарците, за кои цело лето се жалат граѓаните.

Град Скопје организираше групно испраќање на авионот што ќе прска против комарци утринава во 5 часот, од аеродромот во Стенковец.

Оттаму претходно изјавија дека новите авиони се безвучни и токму затоа граѓаните мислат дека не се прска.

Од следното видео направено на лице место се забележува спротивното:

Од Град Скопје вчера објавија видео од прскање против комарци од 8 јули, за кое подоцна преку соопштение се извинија.

- Ја увидовме грешката што ја ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се  направи утре Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец, стои во реакцијата.

 

 

 

11.08.2018 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа