Бугарските власти очекуваат јасен и ефикасен одговор од институциите во Северна Македонија по хулиганскиот напад врз бугарската амбасада во Скопје, при кој беше искршен прозорец на дипломатската мисија.

Инцидентот се случил вчера, а според изјавата на бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, веднаш била покрената истрага. Тој за бугарските медиуми изјави дека Софија е во постојан контакт со македонските надлежни органи, кои информирале дека работат на расветлување на случајот.

Засега нема официјална потврда дали сторителот е идентификуван или приведен.

„Немаме конкретни информации до каде е истрагата, но уверени сме дека таа се спроведува“, изјави Радуко.

Exit mobile version