ВИДЕО: Под површината на океанот пронајден гребен повисок од зграда со 100 спрата - камерата снимила значајно откритие

Австралиските научници во текот на 3Д мапирање на морското дно откриле гребен широк 1,5 километри, а висок повеќе од 500 метри, што го прави повисок од Емпаер стејт билдинг во Њујорк кој има дури 102 спрата.

Откриениот гребен се наоѓа на дното на епиконтиненталниот појас, но не е дел од Големиот корален гребен. Во горниот дел не е прекриен со тврди корали, туку со многубројни сунѓери и меки корали, што упатува на тоа дека ова подрачје е богато со нутриенти кои носат струја до длабоките води.

Камерите на подводниот робот кој го истражувал гребенот покажува дека исчезнале мноѓтво риби и ајкули.

Научниците од институтот Шмит оушн веќе неколку години го истражуваат океанот кој ја опкружува Австралија, но ова ново откритие би можело да им зададе уште долги години истражување.

Во раните истражувања снимиле ретки подводни организми познати под името сифонофор, кои може да бидат подолги од 40 метри, но и други видови кои мора да се истражуваат, како што се црните корали или сунѓерите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега