ВИДЕО: Пијан татко од Русија сакал да си го фрли бебето низ балкон - полицаец си го ризикувал животот за да го спаси

Полицаец во Русија се искачувал по балконски прозорци за да спаси бебе од неговиот пијан татко кој имал во план да го фрли на земја, пренесува РТ.

Оваа немила сцена се случила во рускиот град Саранск.

Полицаецот успеал да го спаси животот на петмесечното бебе така што се искачил преку соседниот балкон во станот во кој се одвивала драмата.

Пијаниот татко го држел своето петмесечно бебе за само една нога низ прозорот од својот балкон на третиот спрат на станбена зграда. Додека траеле преговорите со полицаецот се заканувал во неколку наврати дека бебето ќе го фрли низ балконот.

За среќа, полицаецот успеал буквално да скокне влета низ отворениот прозор и да го турне таткото заедно со бебето кон внатрешниот дел од станот.

Со истрага било утврдено дека пијаниот маж претходно ја навредувал и тепал својата сопруга.

После успешниот обид за спасување на петмесечното девојче, полицаецот скромно рекол дека себеси не се смета за херој, туку дека тоа е обврска на секој полицаец.

Несреќната сопруга била згрижена заедно со ќерката, а на новинарите им рекла дека не разбира како се случило сето тоа, затоа што нејзиниот сопруг пред овој инцидент бил идеален татко.

 
 
 
View this post on Instagram

Russian police officer climbs through a window to save a toddler from her drunk father who is about to drop her A law enforcement officer from the city of Saransk saved the life of a five-month-old girl when he climbed into the apartment through the window from a neighboring apartment. The drunk father was dangling his daughter by the legs from a third-floor window threatening to drop her. Luckily, the lead officer was able to dive inside the balcony, thus depriving him of any opportunity to deliver on the threat. It was later revealed that the father had previously assaulted the mother of the child and kicked her out of the apartment covered in blood. However, the police was able to arrive and rescue the baby girl by the time his alcohol-induced rage switched to her.

A post shared by RT (@rt) on Aug 21, 2019 at 10:01am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега