Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве повикувам да го проследиме видеото во кое целата македонска јавност ќе се увери како Заев сакаше да гради мигрантски кампови, а потоа и самиот се нудел да ги вдоми мигрантите, Филипче за ова не се противел, рече Петрушевски.

Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото, јасно е кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против истото. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС, се рушат како кула од карти. За среќа на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега и секогаш ќе води антиемигрантска политика, рече Петрушевски.

„Еве веќе 2 дена молк од Филипче и СДС за непостоечката тема мигранти. Откако ги посочивме нивните вистински намери за доведување на мигранти во Македонија, тие бегаат и од новинари и се кријат во Бихачка.

Наместо да играат криенка, да одговорат колку мигранти биле спремни да примат во Македонија? Дали толку многу се гласни на оваа непостоечка тема, само затоа што во 2018 година биле спремни да доведат илјадници мигранти во Скопје?

Филипче и СДС мора да ја научат лекцијата која народот им ја одржа на последните 3 изборни циклуси. Реформи во СДС се повеќе од потребни!“, посочи Петрушевски.

Exit mobile version