ВИДЕО: Петгодишно момче го спасило животот на 2-годишната сестра - паднала во базен и се давела, а тој ѝ помогнал

Петгодишниот Греј Фостер од Тексас се уште не почнал да оди на училиште, а веќе ја заработи титулата на херој. Момчето имало скоро 4 години кога за малку ќе се случела трагедија во неговиот дом. Неговата 2-годишна сестра Енди паднала во базенот во семејната куќа во Ноксвил, а преживеала благодарение на брзината и храброста на својот постар брат.

„Ги имав сите на око, но пет минути подоцна Енди се појави целосно мокра. Влезе дома викајќи дека паднала во базен“, раскажала мајката Лора.

„Кога го погледнав Греј, забележав дека и тој е мокар. Испаничив“, рекла Лора.

Греј потоа раскажал дека неговата сестра паднала во базенот и почнала да плива како куче за да се одржи на површина.

„Ја зграбив за стомак. Се обидував да ја кренам за да може да диши“, рекол тој.

Лора навела дека смеејството штотуку се преселило во новиот дом, кога девојчето паднало во базенот.

„Тоа ми беше во глава и затоа преземавме мерки за да ги заштитиме децата за да бидат безбедни околу базенот, вклучувајќи ограда, врата кои пиштат кога ќе се отворат и воспитување на децата да не излегуваат надвор без возрасни или дадилка“, истаканала Лора.

Не е познато како двете деца завршиле во базенот.

„Се се случило брзо“, истакнала Лора, додавајќи дека Енди после инцидентот започнала со часови по пливање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега