ВИДЕО: Песочна бура ја погоди Анкара - одеднаш денот се претвори во ноќ

Најмалку 6 лица се повредени во Анкара по ретката песочна бура која ја зафати турската престолнина. 

Бурата ги погоди двата округа Олатли и Хајман во околу 15 часот по локално време. 

Претходно државната управа за метеорологија издала предупредување за силен дожд и бура. 

На социјалните мрежи се појавија снимки кои покажуваат како песочната бура го претворила денот во ноќ и тоа за неколку секунди. Бидејќи долго немало врнежи, силните ветрови ја собрале исушената земја и прашина и создале бура. 

Песочната бура е метеоролошки феномен карактеристичен за суви и полусуви подрачја. Настанува кога силниот ветер ќе понесе песок и прашина од сува површина. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега