Видео: Перо Антиќ за малку ќе се степаше - очи во очи со тренерот на Бемакс

 

Поранешниот капитен на нашата сениорска кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ имаше одличен настап за Црвена Ѕвезда на вечерашното гостување кај Мега Бемакс во Сремска Митровица во последниот меч од 13. коло во АБА лигата.

Ѕвезда оваа средба ја доби со 90-85, но при крајот на мечот, на околу 5 минути до истекот на времето на последната четвртина, дојде до една мешаница на теренот, по груб фаул над соиграчот на Антиќ, Лесор кој беше бутнат на паркетот.

Антиќ веднаш реагираше, во мешаницата се приклучи и Стефан Синовец за на крајот Перо да заврши лице в лице со помошник тренрот на Бемакс, Бојан Љубоевиќ. За среќа, се заврши без физичка пресметка.

 

 

 

25.12.2017 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа