ВИДЕО: Пендаровски му се пожали на Борисов - „Само за мене нема вода, а?“

Претседателот Стево Пендаровски е во Сараево, каде учествува на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Тој оствари билатерални средби со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со колегата од Албанија, Илир Мета и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На снимката од средбата помеѓу Борисов и Пендаровски се гледа дека протоколот го остави Пендаровски без вода, па се слуша како му се пожали на Борисов дека само за него нема вода. 

- Пендаровски: Само за мене нема вода, а?

- Борисов: Има бе, како да нема.

Во тој момент, шефот на Кабинетот, Миле Бошњаковски му ја дава својата чаша и шишето вода на претседателот Пендаровски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега